Nissan Patrol Nismo на Manhart развива 650 КС

Шестата генерација на моделот Patrol на Nissan постои речиси 13 години, но тјунерот сепак му го даде вниманието што дефинитивно го заслужува.

Станува збор за Manhart, германски тјунер кој се прослави со проекти базирани на модели на BMW, но сѐ повеќе ја проширува својата понуда. Досега видовме тјунирани верзии на Defender, Audi RS3 и AMG SL моделот, меѓутоа, по серијата европски автомобили, Manhart се посвети на еден „Јапонец“.

За проектот, германскиот тјунер избра помоќна верзија Nismo која потекнува од 2015 година, а беше редизајнирана на почетокот на минатата година. Теренецот со високи перформанси го започна животот како подобрен модел и доби огромни бандажи од 24 инчи. Исто така, тој е спуштен и изгледа „поопасно“.

Теренецот сè уште е придвижуван од 5,6-литарски V8 мотор, но веќе не е атмосферски бидејќи Manhart вгради компресор и ја зголеми моќноста на 650 КС и 600 Nm вртежен момент од стандардните 428 КС и 560 Nm. Силата се пренесува на двете оски преку седумстепен автоматски менувач. Patrol Nismo сега има нов издувен систем со поагресивен звук.

Нема информации за новата изведба, но познато е дека стандардниот Petrol Nismo од 0 до 100 km/h забрзува за 7,3 секунди. Ако тоа не изгледа импресивно, тогаш треба да се запомни дека тежи 2.665 килограми.

Надворешноста и внатрешноста се карактеризираат со црна и темна тема, а Manhart ја прекри кабината со кожа и Алкантара.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мал, но моќен: Поздравете го потполно електричниот мал SUV Volvo EX30

Читај повеќе