Ниту еден западен лидер не му ја честиташе победата на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска од поголемиот дел од светот добива честитки по повод новата победа на претседателските избори, но и покрај тоа ниту еден западен лидер досега не му ја честита победата.

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе му честита на рускиот претседател Владимир Путин на реизборот и во таа прилика ќе изнесе и несогласувања, соопшти денеска нејзиниот портпарол.

„Таа наскоро ќе му испрати телеграм на Путин и мислам дека е природно, покрај честитките, да се постави прашањето за идните предизвици во германско-руските односи. Се разликуваме во ставовите со Русија и многу јасно и прецизно ја критикуваме руската политика, како и политиката во Украина и Сирија“, изјави портпаролот Штефан Зајберт.

Тој, меѓутоа, додаде и дека е многу важно да се одржи дијалог со руските лидери.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ги поздрави руско-кинеските односи, кои се на највисоко ниво и пример за меѓународни односи. Си во пораката до Путин наведе дека односите меѓу Москва и Пекинг се на „најдобро ниво во историјата и даваат пример за нов тип на меѓународни односи базирани на меѓусебна почит, еднаквост и правда“.

Иранскиот претседател Хасан Рохани му честиташе „убедлива победа“ на Путин и го повика на засилување на билатералните односи.

„Сигурен сум дека во текот на вашиот нов мандат односите на нашите земји се повеќе и повеќе ќе се развиваат“, пишува Рохани во пораката до Путин.

Францускиот Национален фронт победата на Путин ја оцени како знак на „стабилност и демократските темели“.

Честитки до Путин стигнаа и од лидерите на Казахстан, Белорусија, Венецуела, Боливија и Куба.

„BBC“ пренесува дека покрај Меркел, која се уште не му честиташе но го најави тоа, ниту еден друг западен лидер не му врачи честитки на Путин за реизборот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе