Ниту една политичка партија не поднела тужба до Управниот суд до 14 часот

Скопје, 21 јули 2020 (МИА) – До Управниот суд до 14 часот не се пристигнати тужби од политичките партии, откако Државната изборна комисија едногласно ги отфрли сите 2.142 нивни приговори за предвремените парламентарни избори, информира за МИА претседателот на Управен суд Бурим Сејдини.

ДИК треба да ги достави решенијата за одлуките до политичките партии, по што почнува да тече 24-часовниот рок за поднесување на тужби.

Како што информира за МИА портпаролот на ДИК Адмир Шабани, до 14 часот решенијата од Комисијата за отфрлање или одбивање на приговорите ги подигнале претставници на Алијанса за Албанците и Алтернатива, на Интегра, на МОРО, на Демократи и на Левица.

Тој вели дека доколку некоја од партиите не ги подигне решенијата, ДИК им ги испраќа по електронска пошта. По пет часа по испраќањето се смета дека решенијата им се доставени на партиите. Потоа тие имаат рок од 24 часа да ги достават до Управниот суд, кој пак во рок од 60 часа по приемот на тужбите треба да одлучи по нив.

– Подготвени сме да примиме тужби од страна на овластени претставници на листите на кандидати за пратеници, меѓутоа до овој момент нема поднесено тужби, вели Сејдини.

Тој истакнува дека се преземени сите активности и мерки за судот да функционира во целиот свој капацитет.

-Извршена е жрепката на советите за одлучување по избори, така што, убедени сме дека Управниот суд ќе успее навремено да ги изврши своите законски надлежности, а тоа е да донесе одлуки по поднесените тужби и да имаме официјални конечни резултати по одржаните предвремени парламентарни избори 2020 година, рече Сејдини.

Повтори дека се прават напори да се организираат и судот да постапува најефикасно што е можно.

По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот суд, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе