Нивото на радијација на Месечината е алармантно високо

МИА/КАЈГАНА
/ 28.09.2020 / 09:24

Новите истражувања посочуваат дека астронаутите кои ќе патуваат на Месечината како дел од мисијата Артемис на американската вселенска агенција НАСА во 2024 година, ќе бидат изложени на зрачење 200 пати повисоко од она на Земјата.

Мерењата биле направени во јануари 2019 година. Изворот е кинеската ровер-мисија Chang'e 4 , а податоците се објавени во списанието Science Advances.

Се наведува дека атронаутите ќе бидат изложени на просечнo дневно зрачење од 1.369 микросиверти. Тоа е 2,6 пати повеќе од дневната изложеност на Меѓународната вселенска станица, но сепак може да се смета за безбедна количина на кус временски период.

– Зрачењето што го измеривме на Месечината е 200 пати поголемо од она на површината на Земјата, или пет до десет пати поголемо од летот меѓу Њујорк и Франкфурт. Астронаутите би биле изложени на ова зрачење подолго од патниците и пилотите на прекуатлантските летови, а тоа е значителна изложеност, смета физичарот Роберт Вимер-Швајнгрубер од Универзитетот во Кил, Германија.

Научите истражувања говорат дека изложеноста на зрачење може да има долгорочни здравствени проблеми, како што се појава на катаракта, рак, дегенеративни болести на централниот нервен систем и други органи. Научниците предупредуваат дека изложеноста на поголема количина сончеви честички без соодветна заштита, исто така, е опасно.

При мисијата Артемис, астронаутите ќе останат на Месечината две недели и ќе направат две „стапнувања на Месечината“, односно предвидени се две излегувања од капсулата. Дали овие податоци ќе влијаат на плановите, сè уште не е познато. Астронаутите и натаму тренираат и се подготвуваат за историската мисија. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе