Низ Европа се олеснуваат рестриктивните мерки

МИА/КАЈГАНА
/ 11.05.2020 / 13:08

Во Земјите низ Европа се олеснуваат рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот со надеж дека тоа нема да доведе до втор бран на зараза.

Во Франција денеска почнува наставата во основните училишта, но со мал број ученици, а ќе се отворат и продавници за облека, книжарници, фризерници и цвеќарници, додека рестораните, кината и баровите ќе останат затворени.

Во Белгија денеска ќе бидат отворени повеќето од објектите, но со мерки за социјално дистанцирање, а рестораните, баровите и кафулињата ќе бидат затворени до понатамошно известување.

Во Холандија, основните училишта денеска делумно почнуваат со работа, а повторно ќе се отворат библиотеките, клиниките за физиотерапија, училиштата за обука на возачи и фризерските салони.

Во Швајцарија продолжуваат часовите во основните и средните училишта, но со помал број ученици во одделение, а може да се отворат и ресторани, книжарници и музеи, но со одредени ограничувања.

Во некои делови на Шпанија, ќе биде дозволено собирање во групи до десет лица, а рестораните со простор на отворено ќе можат да служат клиентите со почитување на мерки за социјално дистанцирање.

Што се однесува до Велика Британија, еден дел од ограничувањата на движењето ќе биде олеснето оваа недела.

Во Данска од денеска е дозволено повторно отворање на трговските центри, а во Полска хотелите можат да продолжат со работа од оваа недела, иако за странците сè уште важи двонеделен карантин.

Денеска, децата низ цела Србија тргнаа во градинки, кои беа затворени на 16 март поради пандемијата на коронавирус. Само во Белград, се очекува 13.500 деца да бидат испратени во градинките. Градскиот секретар за образование и заштита на децата Славко Гак кажа дека е набавена целата заштитна опрема, дека родителите биле известени за мерките што треба да ги почитуваат, дека вработените се подготвени.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Read more
 

Вести

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе