Низ фотографии: Мелбурн под целосен карантин
На јужната хемисфера, државата Викторија во Австралија прогласи вонредна состојба поради коронавирусот и воведе дополнителни забрани и ограничувања во движењето. Во Мелбурн е воведен карантин, на граѓаните им е дозволено да излезат надвор еднаш во денот, само за да купат храна или за да вежбаат.
Воведен е и полициски час и во другите места, од 20 часот до 5 часот наутро. Ова се најстроги мерки досега воведени во Австралија, држава која подобро се справуваше со вирусот од другите земји. Ноќниот полициски час ќе трае 6 недели.
Повеќето продавници од среда навечер ќе бидат затворени во Мелбурн како дел од шестнеделниот карантин.