Низа силни земјотреси на Санторини во текот на денот

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Пелопонез, поточно Патра и пристаништето Килини. Засега нема информации за евентуална материјална штета, но населението е вознемирено, многумина излегоа на улица.

Земјотресот беше почувствуван и на Закинтос и Кефалонија, кои воедно беа погодени и од силно невреме во последните денови. Многу куќи и продавници беа поплавени, поројот носеше сѐ пред себе, ги уништи прекрасните плажи на овие острови.

Серијата земјотреси на Санторини, која трае речиси еден месец, не стивнува. Во текот на денот беа забележани десетици земјотреси, од кои најсилниот беше 5,1 степен, кој беше почувствуван и во Атина, по што следеа неколку земјотреси со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.

Жителите на Санторини како и на Аморгос и Иос се исплашени бидејќи сеизмолозите сѐ уште очекуваат силен земјотрес од 6 степени, по кој најверојатно ќе следи цунами.

Нема прецизно објаснување за 20.000 земјотреси кои се случија од 27 март, но се претпоставува дека тие се и од тектонско и вулканско потекло и дека не е невозможно во одреден момент да дојде до помала ерупција со цел да се ослободи акумулираната енергија предизвикана од издигнувањето на магмата на површината.

Сеизмолозите велат дека двата главни вулкани во оваа област не се активирани и дека ерупцијата, доколку се случи, може да значи и создавање на нов подводен вулкан.

На островите на сила е вонредна состојба, граѓаните имаат прецизни упатства како да се однесуваат во случај на силен земјотрес. Армијата, пожарникарите, спасувачите и групите сеизмолози се во состојба на готовност и деноноќно ги следат сите промени во морската длабочина.

На островот има група психолози кои им помагаат на жителите кои не го напуштиле островот и живеат во страв, кои покажуваат знаци на замор и се исцрпени од секојдневните земјотреси, со кои сѐ потешко се справуваат.

Мал број локални жители и сезонски работници се вратија од оние 12.000 кои првите денови во паника го напуштија островот. Сите велат дека помалку се плашат од тогаш, но дека мора да се вратат во своите домови.

реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Read more

Најдобриот природен лек за црниот дроб што чини само 1 евро

Read more

Од понеделник ново депо на Пајак службата на ПОЦ

Read more

Регион

Српскиот парламент затворен за прaтениците и вработените - поради најавениот голем протест

Read more

Албанија го забрани пристапот до TikTok

Read more

Додик: Наскоро сè ќе изгледа како распадот на Југославија

Read more

Обвинителството на БиХ нареди приведување на Додик

Read more
 

Вести

Кавадарчанец со BMW дрифтал на улиците, МВР му го одзеде возилото поради создавање бучава

Читај повеќе

Левица предложи 18 месеци платено породилно отсуство

Читај повеќе

Трамп: Разговарав со Путин, го повикав да ги поштеди животите на украинските војници во Курск

Читај повеќе

Мицкоски: Ќе биде потпишан договор со многу моќна европска земја и ќе се мери во милијарди

Читај повеќе

Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака дека не се посветени на изградбата на Коридорот 8

Читај повеќе

Српскиот парламент затворен за прaтениците и вработените - поради најавениот голем протест

Читај повеќе
  • filter

Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Читај повеќе

Најголемата американска банка ги предупредува клиентите: Никогаш не сме виделе пад како оној на Tesla

Читај повеќе

Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп

Читај повеќе