Фудбал
ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Њукасл успеа само да го налути Ливерпул

14. септември 2019 - 15:33 | Ф.З.

Гостите први поведоа, но потоа на сцена стапија Мане и Салах па Ливерпул лесно ги освои планираните бодови.

Уште по само седум минути игра Јетро Вилемс ги шокираше присутните на „Енфилд“ носејќи му водство на Њукасл.

Ливерпул израмни преку Садио Мане во 28-мата минута, а на пет минути пред паузата го сврте резултатот во своја корист откако повторно стрелаше Сенегалецот.

Во вториот дел во листата на стрелци се запиша и Мохамед Салах поставувајќи ги конечните 3:1.

Ова е петта победа во петтиот натпревар за Ливерпул со што останува единствениот перфектен тим во лигата.

Коментирај