Нобел за литература доби поетеса која пишуваше за нејзините трауми

Нобеловата награда за литература годинава ѝ припадна на американската поетеса Луиз Глук.

Шведската академија на науките одлучи да ја награди американската поетеса „за нејзиниот непогрешлив поетски глас кој со својата строга убавина, го прави индивидуалното постоење универзално“.

На прашањето што ѝ значи добивањето на Нобеловата награда, во телефонско интервју Глук рече:

„Првата помисла ми беше дека нема да имам веќе пријатели, бидејќи сите мои пријатели се писатели“, рече таа.

Remote video URL

Родена во 1943 година, Луиз Глук има напишано 12 збирки поезија и книга есеи за поезијата, наречена „Докази и теории“. Нејзината последна збирка од 2014 година е насловена „Верна и доблесна ноќ“.

За време на нејзината шестдецениска кариера, таа ги истражуваше траумата, смртта и исцелувањето, низ песни за кои некои научници тврдат дека се всушност исповеди.

Луиз Глук пишуваше за нејзината анорексија кога била тинејџерка, за што подоцна рече дека е резултат на нејзините напори да воспостави независност од мајка ѝ. Таа исто така пишуваше и за смртта на нејзината постара сестра, која починала уште пред Луиз да се роди.

Додека била на терапија, таа решила да оди на работилници за поезија и додека студирала започнала да го развива својот поетски глас. Таа ја објави својата прва збирка „Првороденче“ во 1968 година. Ја доби Пулицеровата награда за поезија во 1993 година за нејзината збирка „Див ирис“.

Таа беше прогласена за американски лауреат на поетите во 2003 година, а во 2016 година го доби Националниот хуманитарен медал од тогашниот претседател на САД, Барак Обама.

реклама

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Read more

Изјавата на Роналдо за Мбапе од пред два месеца сега е хит на денот

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате вишок кортизол

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Книги

7 совети од Ернест Хемингвеј како да бидете подобар писател

Read more

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more
 

Магазин

Преработени намирници кои се всушност добри за вас

Читај повеќе
  • play_arrow

Предупредувачки симптоми дека имате вишок кортизол

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да направите детоксикација по празниците?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ги очекува брак во 2025 година

Читај повеќе

Што никогаш не треба да правите на празен стомак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Во игротека со мама и тета

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт за најдобриот домашен тартар сос

Читај повеќе

Храна што може да го намали ризикот од рак на дојка

Читај повеќе

5 фрази кои децата најмногу сакаат да ги слушаат од своите родители

Читај повеќе