Нобеловата награда за литература повторно контроверзна, но не може да се одземе

Нобеловата награда не може да се одземе бидејќи статутите на Нобеловата фондација не ја споменуваат таквата можност, соопшти Комитетот за литература на Кралската шведска академија на науките.

Откако голем број лица и организации ја осудија одлуката на Комитетот за доделување на Нобелова награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке, од Нобеловата фондација порачаа дека Нобеловата награда не може да биде отповикана.

„Нобеловата награда не може да се одземе. Статутите на Нобеловата фондација не ја спомнуваат таквата можност. Ниту еден одбор за доделување на наградите во Стокхолм или Осло никогаш не размислувал за одземање на наградата откако ќе биде доделена“, изјави за Анадолија Микаел Остлунд, портпарол на Нобеловата фондацијата.

Поради радикалните идеолошки погледи и десничарската ангажираност на австрискиот писател Петер Хандке, вчера беше покрената петиција за повлекување на одлуката нему да му се додели Нобеловата награда за литература за 2019 година.

Откако беше соопштено дека Хандке е овогодинешниот лауреат, кој во 90-тите години беше силен поддржувач на политиката на Слободан Милошевиќ, во јавноста се јавија жестоки негодувања и критики.

На платформата Change.org покрената е петиција на овој нобеловец да му се одземе престижната награда, а како причина се посочува дека тој сесрдно го поддржувал Милошевиќ, кој „беше одговорен за неправедна смрт на стотици илјади недолжни луѓе и десетици илјади силувани жени и мажи“.

Одлуката за доделување на Нобеловата награда за литература да му се додели на Хандке ја критикуваше и американскиот ПЕН Центар.

Контроверзите стануваат традиција

Минатата година не беше доделена Нобелова награда за литература по скандалот околу обвиненијата за сексуално вознемирување во врвот на Шведската академија што ја доделува наградата.

Шведски суд лани во октомври го прогласи Жан-Клод Арно, човекот во центарот на секс скандалот, за виновен за силување во 2011 година.

Адвокатот на Арно, Бјорн Хуртиг, рече дека ќе поднесат жалба на пресудата во случајот што според нив е класичен „лов на вештерки“.

Обвиненијата против Арно (72) потекнуваат од скандалот што сериозно ја оштети репутацијата на Шведската академија што ја доделува Нобеловата награда за литература и поттикна низа разврски и борби за превласт во институцијата.

Францускиот фотограф Арно во Шведска долго време се сметаше за човек кој може да создаде и да уништи нечија кариера во областа на уметноста. Тој и неговата сопруга, членка на Шведската академија, беа сопственици на Forum, популарен културен центар што добиваше поддршка од Академијата.

Лани беше најавено дека годинава ќе бидат доделени две награди за да се „испегла“ скандалот.

Нобеловата награда за литература за 2018 година ја доби полската писателка Олга Токарчук, а лауреат за оваа година е австрискиот писател Петер Хандке.

Заклучно со Токарчук, од сите 112 доделени Нобелови награди за литература од 1901 година наваму, само 15 отишле во рацете на жени.

Најмлад добитник на оваа престижна награда бил Радјард Киплинг, најпознат по делото „Книга за џунглата“, кој во моментот на добивање на Нобеловата награда имал 41 година, а најстар лауреат е Дорис Лесинг, која на 89 години стана нобеловка во 2007 година.

реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Заев со рејтинг 9,4%, Мицкоски 4,2% - покажа истражувањето на Брима Галуп

Read more

Се затвораат плажите во Шпанија

Read more

Русија го одобри лекот Коронавир за лекување од COVID-19

Read more

Култура

Првиот број на списанието „Стремеж“ за годинава објавен во Прилеп

Read more

Тринаесет содржини на 35. Штипско културно лето

Read more

Тетовската уметничка галерија со јавен повик до уметниците

Read more

Корона кризата ја одложи Галичка свадба

Read more

Вести

Турци избегале од хотел-карантин во Скопје со чаршав импровизиран како јаже

Читај повеќе

Белгија забрани да се патува во Северна Македонија поради COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Јужноафриканската кралица почина од COVID-19

Читај повеќе

Заев за разговорот со лажната Грета: Пранкерите беа фатени, намерно молчев

Читај повеќе

Белград скапо ќе ги плати протестите, вели Ана Брнабиќ

Читај повеќе

Потврдени 168 нови случаи, 3 лица починаа од COVID-19

Читај повеќе

Исчезна градоначалникот на Сеул

Читај повеќе

Бојан Јовановски Боки-13 поднел кривични пријави против повеќе функционери и бизнисмени

Читај повеќе
  • play_arrow

СЗО: Пандемијата не е под контрола

Читај повеќе