Претворање на стари фотографии во нови со помош на Photoshop
Фотографиите се значаен дел од нашето минато и дел од спомени кои не сакаме да ги заборавиме. Понекогаш фотографијата може да биде последната врска меѓу двајца луѓе, но со текот на времето нивниот првобитен изглед може да избледи и да се загуби. Токму затоа Украинката Татјана Дјаченко, која е експерт за Photoshop, успеа да обнови стари фотографии и да ги претвори во нови, токму со примената на Photoshop.
PetaPixel направи галерија од старите и обновени фотографии, а споредбата е неверојатна.