Победничките фотографии од Underwater Photographer of the Year 2017
Меѓународниот натпревар Underwater Photographer of the Year ги прогласи победниците за 2017 година.
Францускиот фотограф Габриел Баратју е прогласен за победник на годинешниот натпревар за најдобри подводни фотографии. Тој победи со фотографијата на разигран октопод, фотографиран во водите на островот Мајот. Неговата фотографија е одбрана во конкуренција на повеќе од 4.500 подводни фотографии, пристигнати од фотографи од 67 различни земји во светот.