Mazda 3 2019: Новата година доаѓа со стил
Крајот на 2018 година ја одбележуваме со премиерата на новата Mazda3, која ќе пристигне на пазарот во поголемо и стилски подобрено издание. Овој модел на Mazda на почетокот на 2018 година, додека уште беше во фаза на концепт, доби две награди за техничка иновација.
Mazda 3, или пак Mazda3 – како што ја нарекува производителот, користи сосем нова механичка платформа наречена SVA (Skyactiv-Vehicle Architecture). Се работи за првиот комерцијален бензински мотор со компресионо палење кој ќе се појави на пазарот во сериско производство.