Нови, никогаш употребени примероци на BMW 5 од 1994 пронајдени во бугарско складиште
Вкупно 11 никогаш претходно возени примероци на моделот BMW 5 од 1994 година беа пронајдени неодамна во бугарско складиште. Сите автомобили се произведени во 1994 година, но никогаш не се регистрирани за градска употреба.
Складиштето во кое беа пронајдени се наоѓа во бугарскиот град Благоевград, а се работи за десет седани и еден караван. Повеќето од нив се од моделот 520, но има неколку примероци и од помоќниот модел 525. Изворите тврдат дека тие биле купени за да бидат изнајмувани како рент-а-кар возила, но бидејќи никогаш не биле регистрирани, никогаш и не биле запалени.
Фотографиите ја покажуваат моменталната состојба на возилата и таа однадвор не е целосно идеална, но одвнатре автомобилите се нови, исти како да се денеска излезени од фабрика. Нивната продажба ќе започне веќе во следните месеци, а нивната почетна цена би требало да изнесува околу 15.000 евра.