Најмоќниот и најбрзиот Mustang на сите времиња: Ford Shelby GT500
На Салонот за автомобили во Детроит Ford го претстави моќниот Shelby GT500 со над 700 кс.
Уште од појавувањето на верзиите Shelby GT350 и GT350R, верните фанови на Mustang гпо очекуваа GT500. Нивните желби и очекувања се исполнети: автомобилот има 5.2-литарски V8 мотор со компресор за кој Ford тврди дека испорачува над 700 кс.
Shelby GT500 постигнува брзина од 0 до 60 милји на час (0-96 км/ч) за 3 скунди, а четврт милја (402 метри) поминува за помалку од 11 секунди.
Продажбата на монструозниот Mustanga ќе почне на есен, кога ќе се знаат спецификациите и цената.