Роналдо прифати условна казна, Георгина блесна во Мадрид
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо денеска ги прифати паричната и условната затворска казна за затајување данок во Шпанија и потпиша договор за решавање на овој случај што ќе го чини 18,8 милиони евра.
Напаѓачот на Јувентус нема да оди во затвор бидејќи казната затвор од две години според шпанскиот закон може да ја отслужи условно бидејќи ова му е прво кривично дело во кое немало насилство. Судијата претходно го одби барањето на 33-годишниот Роналдо да се јави на судењето преку видеолинк, па фудбалерот мораше да дојде во Мадрид, а го придружуваше неговата девојка, прекрасната Георгина Родригез.
Двајцата беа вистинска модна глетка – тој комбинираше целосно црн аутфит со ролка и сако, а Георгина ги комбинираше црната ролка, припиени панталони и каиш со палто во бордо нијанса.
Роналдо се товари дека затајувал данок во Шпанија во периодот од 2011 до 2014 година, кога играше за Реал Мадрид. Случајот се фокусираше на огроманата заработка од реклами, што според Обвинителството, била пренасочена во компании во други земји каде се плаќа мал данок.