Ford го претстави новиот Mondeo, редизајниран како хибридна верзија
Новиот редизајн на Mondeo беше и официјално претставен од страна на Ford. Тој ќе биде во продажба веќе од оваа година, а ќе пристигне во хибридна и караванска верзија.
Забележливо е дека дизајнерите на Ford навистина се потрудиле околу изгледот на новиот Mondeo, кој и понатаму го задржува приматот како најпродаваниот модел од D сегментот на европскиот пазар. И покрај „треската“ за електрични автомобили, Ford реши да го направи овој модел достапен како хибрид, најавувајќи дека целосно електричниот Mondeo ќе пристигне во наредните неколку години.