Првиот Bugatti Chiron Sport e испорачан во Катар
Првиот од 500 планирани примероци на Bugatti Chiron Sport ја напушти фабриката во Франција и замина за Катар.
Bugatti го претстави автомобилот на минатогодишниот Саем на автомобили во Женева, а скоро година подоцна првиот примерок ја напушти фабриката и е испорачан на богат купувач во Катар.
За автомобилот со иницијалите на купувачот (АБФ – Абдула Бин Фахад) Chiron Sport, на кој доминира сината бојата, треба да се издвојат 2.65 милиони евра. Автомобилот минува од 0 до 100 километри на час под две и пол секунди, а развива електронски ограничени 420 километри на час.