Фудбалскиот свет почна да се простува од Сала, пораките се тешки за читање
Фудбалскиот свет почна да упатува пораки за збогување од младиот фудбалер Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа на 21 јануари, заедно со пилотот Дејвид Ајботсон.
Откако беа најдени остатоците од авионот во Англискиот Канал, беше пронајдено и едно тело што денеска беше идентификувано дека е на Аргентинецот Сала.
Социјалните мрежи се преплавени од пораки за последно збогум до Сала, од клубови, организации, фудбалери, навивачи на неговите тимови и љубители на фудбалот, како и неговото семејство.