Хари и Меган за последен пат како дел од кралското семејство
Војводата и војвотката од Сасекс за последен пат се појавија во јавноста како дел од кралското семејство.
Хари и Меган им се придружија на кралицата и на останатите членови на кралското семејство во Лондон. Претходно се појавија на музички фестивал во Лондон, каде беа пречекани со овации. Од 31 март тие повеќе нема да ги вршат должностите во името на кралицата.
Меган одржа говор пред ученици, додека Хари се сретна со Луис Хамилтон. Хари, кој има 10-годишна воена кариера, ќе ги задржи чиновите на мајор, поручник и командир кога ќе се повлече од кралските должности, но неговите почесни воени позиции ќе бидат суспендирани.