Креативни решенија за заштита во коронапокалипса
Корисниците на социјалните мрежи веќе ѝ дадоа име на пандемијата со новиот коронавирус кој ја предизвикува болеста COVID-19 и сѐ што се случува како последица на неа. Коронапокалипсата звучи страшно и да бидеме реални, во некои земји ситуацијата станува сѐ помрачна.
Но, и во вакви времиња човечкиот дух и смисла за хумор се нескршливи, па луѓето наоѓаат начини да се заштитат, но и да се насмеат.
Овие луѓе на креативен начин се штитат од зараза и користат што ќе најдат по дома како маска или скафандер за да се покријат пред да излезат надвор.