Коронавирусот виден под микроскоп
Светската здравствена организација на 11 март прогласи пандемија на COVID-19 во светот. До денес се регистрирани над 1,4 милиони заболени и 83.257 смртни случаи како последица на коронавирусот.
Научници од NIAD Integrated Research Facility во Мериленд објавија фотографии од SARS-CoV-2 вирусот кој ја предизвикува болеста COVID-19. Станува збор за клетки заболени од вирусот, видени под микроскоп. На нив клетката е обоена со сина боја, додека честичките заразени со вирусот се со црвена боја, односно портокалова боја.