Феноменот на Розова Супермесечина низ фотографии
Ноќеска Месечината беше посјајна и поголема од обично благодарение на небесниот феномен наречен Розова Месечина.
Ноќното небо беше осветлено од овој феномен видлив за набљудувачите во Европа. Овој небесен феномен значи дека Месечината беше најблиску до Земјата, на оддалеченост од 356.907 километри, а нашата планета беше во иста линија со Месечината и Сонцето.
Просечната оддалеченост на Месечината од Земјата изнесува околу 384.401 километар.