Skopje Classic Day: Олдтајмери и мотоцикли од шест држави
Над 50 олдтајмери и 30 класични мотоцикли постари од 35 години ќе бидат изложени денеска на меѓународата манифестација „Skopje Classic Day” што втора година по ред ја организира клубот „Gentleman’s Crew”.
Годинава, покрај домашните изложувачи, своето учество го имаат потврдено и колекционери од пет држави кои ќе се претстават со 25 олдтајмери. Ќе бидат присутни колекционери од Хрватска, Србија, Косово, Бугарија и Германија.
Изборот на најдобар автомобил и мотоцикл ќе го прави тричлено стручно жири, кое ќе ги оценува возилата поделени во класи. Претседател на жирито е професор Харалд Лешке, поранешен главен дизајнер на Mercedes-Benz и тим лидер во проектот на суперавтомобил Maybach Excelero.
Фото: Фросина Насковиќ / МИА