Новиот Porsche Cayman GT4 царува на асфалтот
Зад името Cayman GT4 и Spyder се крие двоецот на на Porsche од серијата 718, кој е придвижуван од централно сместен атмосферски 4-литарски шестцилиндричен мотор препознатлив за серијата boxer на германскиот производител.
Досега актуелниот Cayman и неговата „open-air“ верзија Boxster беа понудени на пазарот само во комбинација со четирицилиндричен централно позициониран мотор, а на задоволство на љубителите на најмалиот модел од серијата 718 на Porsche, сега тој пристигнува во две нови опции со централно позициониран шестцилиндричен мотор.