Те сакам ама остави ме да го гледам Бразил
Љубовта за фудбалот кај Бразилците е нешто за кое знаеме многу одамна. Страста и посветеноста со која тие живеат и дишат со фудбалската игра е фасцинантна, а една фотографија од стартот на Копа Америка ни даде до знаење какви се приоритетите на „кариоките“ овој месец.
Репрезентацијата на Бразил го започна континенталното првенство со победа над Боливија од 3:0, но таа вечер роди и една фантастична фотографија од навивачите кои го гледаа натпреварот. Фотографот Лео Кореа улови еден пар во публиката кој се бакнуваше додека траеше натпреварот, а девојката едноставно не можеше да ги одвои очите од екранот.
Фотографијата само ја докажа љубовта на Бразилците кон „убавата игра“, а тие се големи оптимисти дека на крајот од Копа Америка ќе се радуваат на нов репрезентативен трофеј.