Луѓето се неверојатни: Карантински верзии на познати уметнички дела
Како и повеќето уметнички институции, и музејот Џин Пол Гети во Лос Анџелес е затворен поради пандемијата со COVID-19.
Во овие тешки времиња, вработените во музејот најдоа начин како да ги анимираат своите посетители, а тоа да има врска со уметноста.
Објавија карантински предизвик до љубителите на уметноста да направат реплика на уметничко дело со предмети што ќе ги најдат дома додека седат затворени во карантин.
Секако, предизвикот беше прифатен, а ова се најдобрите карантински верзии на уметнички дела.