Сиднеј под карантин низ фотографии
Фотографите Камерон Спенсер и Рајан Пирс го фотографираа Сиднеј во време на пандемијата на COVID-19. Жителите на Нов Јужен Велс може да бидат казнети за напуштање на домовите без разумна причина. Законите дозволуваат казните да бидат во висина до 11.000 долари или до 6 месеци затвор за оние кои ги прекршуваат, пренесува Guardian.
На фотографиите ќе видите празни паркови, улици, плажи, стадиони, базени и по некој човек. Сиднеј е главен град на Нов Јужен Велс и исто така е најнаселен град во Австралија, со над 8 милиони жители.