Што остана од Припјат 34 години по нуклеарната катастрофа?
На денешен ден, 26 април 1986 година се случи нуклеарната катастрофа во Чернобил во која загинаа 31 човек, а безброј луѓе беа изложени на радијација. Околу 350.000 луѓе беа евакуирани од зафатената зона, а градот Припјат во Украина до денес е напуштен и празен - град на духови.
Луѓето беа изложени на радиоактивност 90 пати поголема од таа по атомската бомба врз Хирошима. Зоната околу Чернобил остана уникатна област што три децении подоцна е обрасната со вегетација, а стотици животински видови се вратија да живеат таму.
Вака денес, 34 години подоцна, изгледа градот Припјат каде до моментот на катастрофата живееле близу 50.000 луѓе.