Како изгледа работниот ден на хероите во првата борбена линија против пандемијата?
Денеска е Светски ден за безбедност и здравје при работа. Оваа година Светскиот ден за безбедност и здравје на работа има посебно значење за здравствените работници за кои безбедната работна средина е од суштинска важност за извршување на нивната хумана професија.
Здравствените работници ширум светот се хероите на денешницата. Во борбата против пандемијата со COVID-19, криза каква што не се памети во поновата историја, овие тивки херои се на првата борбена линија во заштита на јавното здравје и имаат само една порака: Чувајте се себеси, чувајте нѐ нас!
Вака изгледаат деновите на стотици илјади здравствени работници, лекари, медицински сестри, болничари, техничари и друг помошен персонал во болниците откако изби пандемијата.
Да им помогнеме со тоа што ќе се грижиме за своето здравје!