28 април 2001, првиот вселенски турист пристигна на Меѓународната вселенска станица
На 28 април 2001 првиот вселенски турист во светот, Американецот Денис Тито плати 20 милиони долари за да полета со руска ракета кон Меѓународната вселенска станица.
Денис Тито е американски инженер и мултимилионер, најпознат по тоа што бил првиот турист во вселената.
Четириесет години откако Јуриј Гагарин стана првиот човек кој престојувал во вселената, во 2001 годна Тито направи нов пресврт во проучувањето на вселената, станувајќи прв вселенски турист во светот.
Тој платил 20 милиони долари за да може како дел од програмата на руската вселенска станица да мине шест дена во Меѓународната вселенска станица.