2 мај 2011, Американците го ликвидираа Осама бин Ладен
Најбараниот светски терорист, Саудиецот Осама бин Мохамед бид Ауад бин Ладен, основач на пан-исламската терористичка организација Ал Каеда, беше убиен од страна на Американските специјалци во Пакистан.
Бин Ладен беше одговорен за терористичките напади на 11 септември во САД кога киднапери грабнаа 4 авиони од кои два се урнаа во Светскиот трговски центар во Њујорк, еден во Пентагон, а последниот не дојде до целта откако патниците ги совладале киднаперите. Загинаа илјадници.
Потерата по Бин Ладен почна веднаш по нападите и дури по 10 години САД се одмаздија. Операцијата „Копјето на Нептун“ по наредба на Барак Обама беше извршена откако информации индицирале дека Бин Ладен се крие во градот Аботабад во Пакистан. Откако со ДНК тест било позитивно идентивикувано телото, погребот бил извршен од Американците некаде во Индискиот Океан.