Фалкао го запали Истанбул
Радамел Фалкао е најновото засилување на Галатасарај, а неговото пристигнување во Истанбул синоќа привлече илјадници навивачи кои му приредија неверојатен пречек уште на аеродромот.
Околу 30 илјади возбудени навивачи го пречкаа Колумбиецот кој како слободен играч доаѓа во Галатасарај. 33-годишниот Фалкао е најголемото засилување за тимот од Истанбул ова лето.