Шпанска кошаркарска сказна среде Кина
Шпанците синоќа станаа светски шампиони во кошарка откако во финалето ја совладаа Аргентина. И знаеја како да прослават на кинескиот паркет.
По вторпат во својата историја репрезентацијата на Шпанија се закити со злато од едно светско првенство во кошарка. Пау Гасол, Рики Рубио, Руди Фернандес, Серхио Љуљ, Хуан Ернангомес, Марк Гасол, Хавиер Беиран, Пјер Ориола, Виктор Клавер, Пау Ривас, Кино Колом и Вили Ернангомес предводени од италијанскиот стратег Серџо Скариоло испишаа нова страница во светската кошарка.