Одбојкарите ја средија Белорусија за историска прва победа на ЕУРО
Фантастична партија на репрезентацијата на Македонија против Белорусија за прва историска победа на дебитантскиот настап на едно ЕУРО.
Предводени од капитенот Никол Ѓоргиев кој брилјираше со 37 поени, одбојкарите иако го загубија првиот сет потоа едноставно го прегазија противникот победувајќи со 3:1.
Љафтов забележа 15 поени, Милев 8, Маџунков 7, Николов 6, Деспотовски 2, а кај Белорусите се истакна Раџивон Мискевич со 12.
Денеска од 17.30 играме против домаќинот Словенија, а со победа можеме до нов успех, пласман во наредната фаза.
Фото: CEV