Ѕвездите на Саемот за автомобили во Франкфурт
Иако заинтересираноста за настанот годинава значително опадна, Саемот за автомобили во Франкфурт сепак останува една од најголемите и највлијателните платформи на кои автомобилските производители го покажуваат сработеното во изминатата година.
Оваа година фокусот е на електричните автомобили, а досега на саемот дебитираа неколку долго очекувани модели. Најголема возбуда предизвикуваат електричните и хибридните модели на брендовите кои одлучија да не ја прекинуваат традицијата и да се претстават во Франкфурт.
Ова се најголемите ѕвезди годинава.