ФИФА СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2020

Нојер: Да се пазиме од Жињак

Вечерва се игра финалето на Клупското светско првенство во кое се среќаат Баерн и Тигрес.

Европскиот шампион против шампионот на Северна Америка, мексиканскиот клуб Тигрес. За прв пат во финале ќе се сретнат еден против друг клубови од овие два континента откако Тигрес во полуфиналето го елиминираше шампионот на Копа Либертадорес, Палмејрас.

Германците важат за големи фаворити, но Тигрес не е наивен противник, а главна закана за Баерн се очекува да биде францускиот голгетер Андре-Пјер Жињак. Тоа го признава голманот и капитен Мануел Нојер.

„Во Жињак имаат врвен стрелец кој има неверојатно чувство за гол кога е во шестнаесетникот. Тој е искусен, брзо се приспособува на натпреварот и на фудбалот кој го играме ние во Европа“, вели баварскиот капитен.

URL

На Мундијалот Жињак досега постигна 3 гола и води на листата на стрелци пред Роберт Левандовски кој има 2 гола.

„Тигрес игра со висок пресинг, потоа на средината имаат играчи кои знаат да дадат гол и поради тоа ќе мора да внимаваме уште од почетокот. Мора цело време да се движиме“, дидава Нојер.

Натпреварот почнува од 19 часот на „Еџукејшн Сити“ стадионот во градот Ал Рајан во Катар, а ќе го суди уругвајскиот судија Естебан Остохич. Директен пренос ќе врши МРТ3.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе