УЕФА СУПЕРКУП 2020

Нојер: Суперкупот е посебен натпревар

Баерн и Севиља вечерва во Будмпешта ќе се борат за Суперкупот на УЕФА, а за голманот на баварскиот тим ваквата пресметка има посебен шмек.

Баерн победи на последните 31 од 32 натпревара, а последен пат ја почувствува горчината на поразот на 7 декември лани кога загуби од Борусија во Менхенгладбах. Од ремито без голови со Лајпциг на 9 февруари годинава е во серија од 22 победи по ред во сите натпреварувања. Во меѓувреме ги освои Бундеслигата, ДФБ Купот и Лигата на шампиони.

„Кога ќе освоите Триплета, секој тим сака да ве победи. Но, ние не сакаме да им го дозволиме тоа. Во победничка форма сме, сѐ уште сме во активна победничка серија и сакаме да ја продолжиме колку што е можно подолго“, рееч Нојер.

„За мене лично ова е посебен натпревар. Тие од нас кои беа во Баерн кога игравме против Челси во Суперкупот во 2013 знаат како е. Тоа беше навистина посебно чувство. Играчите кои играа тогаш можат да го потврдат тоа. Имаше вистинска драма со пенали на крајот“, се сеќава тој.

Од тој Суперкуп игран во Прага дел од Баерн сѐ уште се Мануел Нојер, Жером Боатенг, Дејвид Алаба и Томас Милер. Тогаш натпреварот заврпи 1:1, па 2:2 по продолженија, а Баерн со 5:4 славеше на пенали.

„Два шампиона играат еден против друг. Севиља како освојувач на Лига Европа и ние, како победници на Лигата на шампионите. Токму затоа ова е навистина специјален натпревар. Многу тимови со задоволство би си го трампале местото со нас, а ние тоа го вреднуваме“.

„Кога сте имале долга кариера како Милер, Алаба или јас, кои сме во Баерн веќе долго време, свесни сте дека сте освоиле многу титули, но секогаш постои повеќе“, вели единицата на Баерн.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе