Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска од жителите во Скопје.
Земјотресот од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска, е регистриран 4 минути по полноќ.
Епицентарот се наоѓа во скопското епицентрално подрачје.
Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML1.9.