Nokia 7 Plus – најдобриот смартфон за 2018 година

Организацијата EISA (Expert Imaging and Sound Association) го прогласи Nokia 7 Plus за најдобар смартфон за оваа година во категоријата „consumer“, соопшти HMD Global, домот на Nokia телефоните.

EISA наградите ги доделува најголемата светска независна комисија која е составена од 55-те најценети специјализирани магазини и портали.

Nokia 7 Plus беше пофален од целата комисија поради впечатливиот дизајн, одличните перформанси и импресивните можности кои ги поседува неговата камера. Тој беше тестиран против многу силна конкуренција во една од најбараните категории на оваа награда.

Направен за да испорача неверојатна содржина, Nokia 7 Plus е вистински херој во рангот на Nokia смартфони. Комбинирајќи го иновативниот оптички хардвер со алгоритми за правење фотографии, овој телефон ги претвора моментите во магични фотографии за паметење. Двојниот сензор на главната камера со Zeiss оптички леќи и ултра-сензитивен сензор со резолуција од 12 MP ви овозможува 2X оптички зум кој воопшто не ја замаглува сликата.

Неговата главна камера има резолуција од 16 MP и леќи со Zeiss оптика, па така тој може да се прилагоди на правење фотографии во ограничена светлина или неповолни услови. Покрај можностите за фотографирање со камерата, напредок се забележува и кај снимањето, поради трите микрофони кои истовремено снимаат звук во режимот „360° Nokia spatial audio“ и со тоа адекватно го подобруваат квалитетот не само на сликата, туку и на звукот на видеото.

Експертите од целиот свет, кои го сочинуваат жирито на EISA наградите, гласаат за категории кои вклучуваат фотографија, Hi-Fi и мобилни уреди. Сите производи номинирани за EISA награда поминуваат низ сериозен процес на процена вклучувајќи интензивни тестови со кои се проверува нивната технологија, дизајн и иновација.

Nokia 7 Plus е прогласен за водечки смартфон во категоријата мобилни уреди за корисници, поради што ќе му биде врачена EISA наградата за 2018/2019 година.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе