Nokia го претстави новиот X6

Nokia сака да се врати на врвот на телефонската индустрија, а планот на оваа компанија предвидува освојување на најважните континенти. Прв на листата е Азија, па затоа беше претставен новиот Nokia X6, кој би требало да го освои кинескиот пазар.

Фотографија од новиот смартфон на Nokia се појави на социјалните мрежи и ни откри што можеме да очекуваме од неговото официјално претставување во понеделник.

Се работи за телефон со елегантен дизајн кој има екран со популарниот notch, тенки рабови и испакнатина која личи на брада на долниот дел од телефонот, додека логото на Nokia се наоѓа во долниот десен агол.

Смартфонот доби екран од 5,8 инчи со формат 19:9 и резолуција од 2.280 х 1.080 пиксели. Основната верзија има MediaTek Helio P60 процесор, додека напредната верзија доби Qualcomm Snapdragon 636 процесор. И двете верзии ги напојува батерија од 3.300 mAh, а во понудата ќе се најдат и верзии со 4 и 6 GB RAM, односно 64 GB и 128 GB внатрешна меморија.

Сензорот за отпечатоци е поставен на задната страна, каде има и две вертикално поставени задни камери. Уредот има USB Type-C порт, тука е и 35-милиметарскиот отвор за слушалки, а телефонот користи Android 8.1 оперативен систем.

Основниот модел ќе чини 253 долари, додека напредниот ќе биде нешто поскап и ќе чини 283 долари.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе