Nokia најави два мобилни телефони на неодамна одржаниот Mobile World Congress, а моделот Magic Max ќе им конкурира на другите флегшип модели на пазарот.

Откако е во сопственост на HMD Global, Nokia е присутна на пазарот со Android мобилни телефони од средна класа, минатиот месец го промени логото, а сега на MWC најави два нови смартфони, C99 и Magic Max.
Сепак, посебно внимание привлекува флегшип моделот Magic Max, кој ќе се напојува со процесор Snapdragon 8 Gen 2 поврзан со 8, 12 или 16 GB RAM или 256 или 512 GB внатрешна меморија. Ќе го користи оперативниот систем Android 13, а се очекува да има 6,7-инчен AMOLED екран со брзина на освежување од 120Hz.

На задната страна ќе има три камери, главната од 144 MP, ултра широка од 64 и телефото од 48 MP. Уредот би требало да се напојува од батерија со капацитет од 7.950 mAh, која за кратко време ќе се полни преку брз полнач од 180 W.
Почетната цена на моделот Magic Max ќе биде околу 550 долари, што ќе биде предност во однос на другите флегшип модели кои чинат најмалку 800 или 900 долари.

Сѐ уште не е познат точниот датум на пристигнување на пазарот на споменатиот смартфон, но се очекува наскоро.