„Ноќните птици“ се помалку продуктивни на работното место

Работниот ден не им носи корист на луѓето кои остануваат будни доцна во ноќта, бидејќи најверојатно ќе имаат двојно послаби резултати на работа од луѓето кои си легнуваат порано, покажува најнова финска студија.

Ранобудниците имаат тенденција да работат подобро наутро, додека за вечерните типови важи обратното. Овој внатрешен часовник се смета дека е претежно генетски, но важна улога имаат и распоредот за работа, семејниот живот и изложеноста на дневна светлина, пишува CNN.

Хронотипот е вашата дневна склоност кон спиење и други активности и ги рефлектира разликите во основниот ритам на поединецот. Овој внатрешен процес игра улога во начинот на спиење, метаболизмот и температурата на телото, но исто така влијае и на хормоните.

Истражувачите прашале 5.881 лице во северна Финска за нивните работни навики и здравје и ги прашале за начинот на спиење за да го утврдат нивниот природен хронотип. Учесниците на студијата во тоа време имале 46 години и биле следени во период од четири години.

Десет проценти од мажите и 12 проценти од жените биле вечерни типови, од кои 72 проценти работеле на дневни работни места, заклучиле истражувачите.

Останатите луѓе генерално се подеднакво поделени на ранобудници, или, како што истражувачите ги нарекоа, средни типови.

„Една четвртина од луѓето класифицирани како вечерни типови ги оценија своите перформанси како слаби, користејќи ја она што истражувачите го опишаа како меѓународно прифатена скала развиена за да ги идентификува лицата со слаба работна способност и поголем ризик од предвремено пензионирање поради попреченост. Ова е значително поголем удел отколку кај ранобудниците или средните типови“, се наведува во истражувањето.

Шансата за слаби перформанси е двојно поголема кај ноќните типови отколку кај ранобудниците од двата пола, дури и откако ќе се земат предвид факторите како што се времетраењето на спиењето и утринското работно време.

„Ако вечерните типови мораат да работат рано наутро, тие нема да ја оценат нивната работна способност исто колку утринските, и обратно. Ако нормалното работно време беше од 15 до 23 часот, ранобудниците ќе се чувствуваа полошо од вечерните типови“, рече Кристен Нацен, вонреден професор на Универзитетот Нортвестерн, која ја истражува поврзаноста меѓу спиењето, циркадискиот ритам и кардиометаболитичките болести, вклучувајќи дијабетес, прекумерна дебелина и кардиоваскуларни болести.

Основниот механизам е нашиот внатрешен биолошки часовник што го диктира времето во денот кога се однесуваме најдобро.

Иако популацијата што учествуваше во студијата е од една област на Финска, Нацен рече дека резултатите веројатно важат и за САД, бидејќи биолошките часовници се универзални.

Сепак, истражувачите истакнаа дека работата во канцеларија во Финска започнува рано, обично во осум часот, а продавниците се отвораат уште порано, така што нивните наоди може да не бидат применливи насекаде, а темата треба да се изучува понатаму.

„Ова е прва студија на ниво на популација која дава докази дека вечерниот тип може да биде поврзан со слаба работна способност“, велат авторите на студијата, д-р Тапио Раиха и Лина Ала-Мурсула.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе