Ноќно патување низ Њујорк
Не сте биле во Њујорк? Сега не ни можете да одите. Затоа можете виртуелно да пропатувате низ њујоршките улици и барем малку да ја видите таа американска атмосфера.
Патувањето почнува во Менхетен од „5-тата Авенија“ кај Сентрал Парк, па продолжува по Рокафелер Сентр, Вашингтон Сквер Парк, Тајмс Сквер, Гринвич Вилиџ, Долен Менхетен, Вол Стрит Бул, а завршува во Фајненшл Дистрикт.