НБА 2024/2025

Ноќта што сите ја чекаа: Дончиќ дебитираше за Лејкерс во триумфален почеток на новата ера

Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен ја совлада Јута Џез со 132:113, а натпреварот го одбележа дебито на новиот играч на тимот - Лука Дончиќ.

Словенецот неодамна им се приклучи на Лејкерс од Далас Маверикс во спектакуларен трејд, а ноќеска за прв пат играше со еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс.

Дончиќ мина 23 минути на паркетот и веднаш покажа дека ќе биде одлично засилување за Лејкерс. Постигна 14 поени и додаде 5 скока и 4 асистенции.

Лејкерс добро го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа 12 поени предност. До полувремето водството само растеше и веќе беше познат победникот од овој дуел (72:47).

Во преостанатиот дел од мечот кренаа рачна, па Јута кон крајот успеа само донекаде да го ублажи тешкиот пораз.

Џејмс беше најефикасен кај Лејкерси со 24 поени, додека Ривс додаде 22. Единствени расположени кај Јута беа Колинс и Марканен со по 17 поени.

Лејкерс моментално се на четвртото место во Западната конференција на НБА со 32 победи и 19 порази, додека Јута е на 14. место со скор 12-40.

Популарниот клуб од Градот на ангелите во оваа прилика реши да го почести секој навивач кој дојде на дебито на Словенецот.

Пред почетокот на натпреварот, секој навивач во салата најде уникатен дрес на Лука Дончиќ со бројот 77 на своето столче, а целата сала беше исполнета со духот на дебито на големиот Словенец.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Los Angeles Lakers (@lakers)

Самиот Лука ја направи увертирата, донираше 500.000 долари пред натпреварот за да им помогне на погодените од пожарите во Лос Анџелес, потпишувајќи се како „вашиот нов сосед“.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Кошарка

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Read more

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Read more

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Read more

Повозбудливо не може: Индијана ја победи Оклахома со кош на 0,3 секунди до крајот

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе