Тенис

„Ноле, направи ми бебе!“ – Ѓоковиќ доби несекојдневен предлог од гледач на Вимблдон

4. јули 2019 - 16:19 | А.С.

Српскиот тенисер Новаќ Ѓоковиќ доби шокантна понуда од трибините на Вимблдон, за време на мечот со Денис Кудла.

Еден гледач од трибините му довикна: „Ноле, направи ми бебе!“

Најдобриот тенисер на светот беше видно изненаден од предлогот, а по дуелот објасни и што точно се случило.

„Па не знам што да кажам... Добив понуда да му направам дете на маж. Прашав дали тоа ми побара, тој потврдно климна со главата. Не знам дали се шегуваше или не, но тоа беше интересна сцена во секој случај“, раскажа Ноле.

Коментирај