Ноле за 2025: Уште сум гладен за успеси, сакам трофеи и да испишувам историја

Новак Ѓоковиќ повеќе не е најдобриот тенисер во светот според актуелната АТП ранг-листа, на која ја зазема седмата позиција, но по сите можни параметри е најдобриот што некогаш се појавил во овој спорт.

Кога станува збор за Грен слем титули, Ноле освои 24, што е најмногу во машка конкуренција, а исто толку трофеи има и легендарната Маргарет Кортс во женска, па Новак има нов предизвик во 2025 година - како да се освои 25-тата Грен слем титула.

Токму затоа фокусот ќе биде ставен на тие четири турнири во наредната година.

Првата можност за тоа ќе биде во јануари, кога на програмата е Австралија опен, турнирот кој најмногу му се допаѓа на Ѓоковиќ и на кој има триумфирано дури 10 пати, а пред да зачекори на теренот во Мелбурн ќе учествува на турнирот во Бризбејн. 

Споменатиот турнир, кој започнува на 29 декември и ќе трае до 5 јануари следната година, ќе биде специфичен и по тоа што Новак Ѓоковиќ ќе игра во двојки со домашниот тенисер Ник Кирјос.

„Гладен сум за успех. Сакам да освојувам трофеи, особено оние на Грен слем турнирите, а моето тело ми испраќа сигнали дека сѐ уште може да се натпреварува на највисоко ниво. Мојата цел е да продолжам да пишувам историја и да ги поместувам границите“, рече Ѓоковиќ и додаде:

„Токму тоа е една од причините зошто решив мојот нов тренер да биде Енди Мареј. Сè уште имам големи планови, амбициозен сум и сѐ додека е така ќе бидам на теренот“.

реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Тенис

Рафа за најголемиот ривал: Би рекол Новак и Роџер

Read more

Познати првите информации за повредата на Ноле и колку ќе отсуствува

Read more

Синер ја одбрани титулата на Австралија опен

Read more

Ѓоковиќ објави слика од повредата: За сите експерти

Read more
 

Спорт

Бринзи Џонсон од суспензија за допинг до светско злато

Читај повеќе
  • play_arrow

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Читај повеќе

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе