Фудбал

Нолито: Жена ми купи камион тоалетна хартија

25. март 2020 - 20:58 | МИА

Крилото на Севиља, Нолито раскажува како оди неговиот секојдневен живот во затворен простор.

– Признавам дека сопругата ми купи цел камион тоалетна хартија. Дома, тренирам неколку часа на ден, следејќи ги упатствата на тренерите, за да не изгубам форма. Важно е да бидеме во совршена форма кога повторно ќе играме, рече тој за Marca.

Има многу работи што треба да се направат по дома, според него.

– Имаме три деца кои постојано се шегуваат. Сега гледам серии на Netflix, но ми остануваат уште многу филмови, рече тој.

Мануел Агудо Дуран, попознат како Нолито, додаде дека му недостасува нормален живот со семејството, како и тренинзите со соиграчите и нормално, натпреварите.

Коментирај