ФОРМУЛА 1 2024

Норис и Пјастри ќе одат на „пеење“ кај шефовите на Мекларен

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 02.09.2024 / 17:21

Тимот на Мекларен најави дека ќе го истражи „инцидентот“ меѓу Ландо Норис и Оскар Пјастри на трката за Големата награда на Италија.

Трката во „храмот на брзината“ во Монца му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер. Ферари ги надмудри конкурентите и со едно влегување во боксот ја однесе победата на домашната патека.

Пред трката главни фаворити за победа беа возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, кои ги имаа првите две позиции на стартот.

Ландо од пол-позиција имаше солиден старт, но потоа во првата шикана Пјастри со агресивен маневар ја презеде водечката позиција.

Оскар ја возеше многу добро целата трка и имаше шанса да победи на крајот, но Леклер успеа да извлече импресивен резултат.

„Тоа беше агресивен потег, но сѐ уште не сум разговарал со нив. Имавме одличен почеток, гледачите беа воодушевени, а јас би рекол дека Ландо беше изненаден од тој потег и тоа е нешто за што ќе разговараме. Имаше многу нервоза кај сите нас во тимот кога Пјастри го изведе тој маневар. Мора да ги почитувате вашите колеги. Немаше контакт, но тоа беше агресивно и чисто претекнување“, изјави директорот на Мекларен, Зак Браун.

Ландо Норис трката во Италија ја заврши на третото место, а воедно го имаше и најбрзиот круг на трката што му донесе дополнителен бод, па сега има 62 бода помалку од првопласираниот Макс Верстапен, а разликата можеше да ја намали за уште 10 поени ако победеше.

„Приоритет на нашиот тим е шампионската титула“, јасно кажа Браун.

Главниот инженер на Мекларен и тимски шеф, Андреа Стела, рече дека тимот мора мирно да ја разгледа целата ситуација пред да донесе некава одлука.

„Не само поради чинот на претекнувањето, туку и поради впечатокот што го оставија овие двајца ќе мора мирно да ја погледнеме ситуацијата и да поминеме низ сѐ заедно. Ако можеме да научиме нешто од овој случај, тоа ќе го примениме во некои идни трки. Ова е разочарување бидејќи имавме доволно перформанси за да победиме“, изјави Стела.

реклама

Кои биле најбогатите луѓе во Југославија: Рекордот го држи Скопјанец

Read more

Жена без пилотско искуство приземјила авион

Read more

Фитнес тренер препорачува три јаглехидрати за здраво слабеење

Read more

Како да препознаете дали автомобилот што сакате да го купите бил поплавен?

Read more

Ф1

Продажбата на билети се зголеми откако Макс престана да победува

Read more

Обид за изнуда на пари од семејството Шумахер, организаторот соочен со 15-годишна затворска казна

Read more

Рикардо би можел да го напушти тимот по ГП во Сингапур

Read more

Следна мета на Астон Мартин е Макс Верстапен

Read more
 

Спорт

Јуве подготвува нов договор за Влаховиќ

Читај повеќе

Германците жестоки: Дали Клоп се продаде?

Читај повеќе

Надал ја заврши кариерата: Се збогува и на кирилица

Читај повеќе

Братот на Гранит Џака загрижен го моли да не оди во Србија

Читај повеќе

Дешам избра нов капитен на Франција во отсуство на Мбапе

Читај повеќе

Огромен удар за Ливерпул: Алисон ќе отсуствува на клучни натпревари

Читај повеќе

Вимблдон става крај на традиција стара 147 години

Читај повеќе
  • filter

Барса ги покажа првите фотки од новиот „Камп Ноу“ вреден 1,5 милијарди евра

Читај повеќе

Јирген Клоп потпиша договор со посебна клаузула

Читај повеќе