КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Норвешка без Холанд против Шпанија

Голгетерот на Манчестер Сити ќе го пропушти отворањето на квалификациите за ЕУРО 2024 откако поради повреда нема да ѝ биде на располагање на Норвешка против Шпанија и Грузија.

Ерлинг Браут Холанд се повреди на четвртфиналниот дуел од ФА купот против Барнли и тоа ќе го чини пропуштање на важните први два натпревара на неговата репрезентација.

„Се надевавме дека ова е само полесна повреда, но по вчерашните испитувања и прегледи стана јасно дека нема да конкурира за натпреварите против Шпанија и Груизја“, вели Оле Санд, доктор во репрезентацијата на Ноирвешка, пренесува Фудбалската федерација на Норвешка.

Додаде дека Холанд опоравувањето ќе го продолжи во својот клуб.

„На Ерлинг му падна тешко кога сфати дека нема да може да игра за репрезентацијата. За среќа, во овој тим и уште многу самодоверба, талент и кохезија за освојување бодови во наредните натпревари. Продолжуваме да работиме за да бидеме максимално подготвени за сабота и вторник“, рече норвешкиот селектор Столе Солбакен.

Холанд во норвешкиот дрес има 23 настапи и дури 21 гол, додека за Сити има 42 гола во 37 натпревари.

Норвешка е во квалификациската група А заедно со Кипар, Грузија, Шкотска и Шпанија. Квалификациите ги отвора в сабота со гостувањето во Малага против Шпанија, додека во вторник ќе ѝ гостува на Грузија во Тбилиси.

Иако важи за еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Холанд нема настап на големо натпреварување со Норвешка откако не успеа да избори пласман на Мундијалот во Катар. Сега Норвешка ќе се обиде првпат по 2000 година да се пласира на едно ЕУРО, што би било и нејзино второ учество.

реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Фудбал

Пред Роналдо беше лидер: Ал Наср остана без титула

Read more

Џака преку социјалните мрежи се збогуваше со фановите на Арсенал

Read more

Мбапе ѝ го раскрвари носот на девојка на трибините

Read more

Винисиус му го „пукнал филмот“ на Тони Крос

Read more
 

Спорт

Пред Роналдо беше лидер: Ал Наср остана без титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Читај повеќе

Џака преку социјалните мрежи се збогуваше со фановите на Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Мбапе ѝ го раскрвари носот на девојка на трибините

Читај повеќе

Фјури му испрати договор на Џошуа за борба на Вембли во септември

Читај повеќе

Винисиус му го „пукнал филмот“ на Тони Крос

Читај повеќе

Борусија Дортмунд договори засилување од 40 милиони евра

Читај повеќе

Скоти Пипен: Мајкл Џордан беше ужасен играч

Читај повеќе
  • play_arrow

УЕФА потврди - Бразилката Анита ќе пее на финалето во Истанбул

Читај повеќе